Активни членови

Josipa CDDD
Јосипа Ризанкоска - Претседател

Јосипа е доктор по Компаративна и Европска Политика при Универзитетот во Сиена, Италија. Докторира во 2017 година на тема „Радикализација на етно-регионалните партии во Центално-источна Европа”. Била докторанд во посета на Автономниот Универзитет во Барселона (2013-2014) а магистрира на програмата МИРЕЕС при Универзитетот во Болоња во 2010 година. Од 2007 до 2012 година работи како истражувач и проектен менаџер во Институтот за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје. 

 

Jasmina CDDD
Јасмина Трајкоска Наумоска

Јасмина е доц. д-р на Факултетот за политички науки при ФОН-Универзитет. Докторира во 2016 година на тема „Меѓуетничките конфликти во Европската Унија денес и економските последици од нив“ на Правниот Факултет „Јустинијан I“ -Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Магистрира на Факултетот за Европска и меѓународна политика и дипломатија при ФОН Универзитет – Скопје во 2010. Од 2016 година е Потпретседател на Македонското политиколошко Друштво. 

Николина Ризанкоска-Антеска
Николина Ризанкоска-Антеска

Николина е професор по македонски и англиски јазик. Дипломира во 2010 година, на универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола. Долгогодишниот ангажман во невладиниот сектор ја носи во сферата на младинскиот активизам, неформална едукација за различни возрастни и етнички групи, дискриминација, работа со стари лица, деца со посебни потреби и маргинализирани групи.

Aleksandra CDDD
Александра Спасеска

Александра студирала англиски јазик и книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје.  Осум години работела како преведувач и уредувач на вести во дневниот весник Вест, а сега е заменик на главниот уредник во Редакцијата на Kajgana.com. Работела како анкетар за Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје a исто така е објавуван преведувач и поет, како и блогер и активист за етичка, одржлива и еко мода како член на Fashion Revolution Macedonia.

Klimentina CDDD
Климентина Ѓорѓиоска

Климентина е студентка на Мастер на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје. Дипломира во 2016-та година на Универзитетот Аристотел во Солун, на Факултет за политички науки. Летниот семестар 2014-2015-та година студира на Факултет за интернационални односи на Универзитет за технологија во Талин – Естонија, во рамки на едукативна академска размена. Од 2016-та година активна е во граѓанскиот сектор.

 

Milena CDDD
Милена Чкрипеска - Преведувач

Милена е докторанд по Јазик, дискурс и комуникации на Универзитетот „Помпеу Фабра“ во Барселона, Автономниот универзитет на Мадрид во Шпанија и Високиот институт за јазици на Универзитетот во Картагина – Тунис. Магистрирала Европски студии од Центарот за меѓународни европски формации во Берлин и Жан Моне катедрата за политички студии и европски прашања во Келн во 2011. Завршила додипломски студии по англиски и француски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје каде работела и како јуниор асистент по англиски јазик на Правниот Факултет и на Катедрата по филологија. 

ВОЛОНТЕРИ

Марија Стојческа
Марија Стојческа

Марија Стојческа е дипломиран радиолошки техничар при Високата медицинска школа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. 

Марија Вера
Марија Вера Дрзманоска

Марија Вера Дрзманоска е студент по економија на Универзитетот за туризам и менаџмент. 

Мери Самарџиоска
Мери Самарџиоска

Мери Самарџиоска е дипломиран професор по македонски јазик и литература. Студирала македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. 

Марија Конеска
Марија Конеска

Марија Конеска е визуелен уметник. Има завршено мастер студии – отсек сликарство на ФЛУ, УКИМ. Има повеќе од десетгодишно искуство во филмска и гејм продукција.



ОСНОВАЧИ

Кире Василев
Марија Теговска
Илина Мангова
Јосипа Ризанкоска
Јасмина Трајкоска-Наумоска

Copyright © 2021 . All Rights Reserved. | CleanPortfolio by Catch Themes