Бази на податоци

База на податоци од теренскo истражување за време на демонстрациите на „Шарената Револуција” во Скопје и Прилеп

Базата на податоци од теренскoто истражување за време на демонстрациите на „Шарената Револуција” (мај 2016) е авторско дело на Др. Трајкоска Јасмина и Др. Ризанкоска Јосипа, во рамките на Здружението ДИЈАЛОГ Центар за Делиберативна Демократија – Прилеп.

Целта на истражувањето е да се анализира структурата на ова граѓанско движење однатре, очекувањата и барањата на демонстрантите од моменталната влада, вербата во кредибилитетот на четирите партии потпишувачи на Пржинскиот Договор и оценка за капацитетите на самото движење како пример на граѓанска партиципативност во Македонија. Истражувањето е спроведено уште и со цел да придонесе на оние студии кои се базираат на емпириски податоци кои го истражуваат индивидуалното ниво на социјализација, структурна достапност и когнитивни рамки во внатрешноста на социјалното движење. Теренската анкета беше спроведени на територијата на Скопје и Прилеп за време на движењето во периодот од 17-23 мај 2016. Во истражувањето вкупно се опфаќаат мислењата на 567 демонстранти/испитаници,  426 од кои се анкетирани во Скопје, а 141 во Прилеп.

Шифрарник

База на податоци (.xlxs)