8 Март и родовата рамноправност

Овој извештај ги презентира основните емпириски пронајдоци од истражувањето на тема „8 Март и родовата рамноправност“, спроведено во периодот од 8 март до 8 мај 2020.

Единица на анализа се сите граѓани на Република Северна Македонија во земјата и странство. Прашалникот беше спроведен онлајн, а го одговорија вкупно 601 испитаник.

Главната цел на истражувањето е да се испитаат стојалиштата на македонските граѓани во однос на темата, без оглед на етничка припадност, возраст, социјален статус, религија, а со особен осврт на влијанието на родот врз одговорите.

Истражувањето има три главни дела:

  1. 8 Март (поимање и начини на негово одбележување),
  2. Состојбата со родовата рамноправност во повеќе општествени сфери и
  3. Семејството и родовата рамноправност.

ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ЦЕЛОСНИОТ ИЗВЕШТАЈ ТУКА