Архива

Охридскиот Рамковен Договор и меѓуетничките односи во Македонија на патот кон ЕУ.

Проект: Охридскиот Рамковен Договор и меѓуетничките односи во
Македонија на патот кон ЕУ.

Опис: Во месеците октомври и ноември 2014та година, Јосипа Ризанкоска и
Јасмина Трајкоска спроведоа истражувањае во полето на меѓу-етничките
односи, партиските политики и ЕУ интеграциите на Македонија.
Од овој истражувачки проект проеизлегоа две научни публикации и
презентација на истражувањето на академска конференција во Лондон.

Методологија:
Истражнувањето се базира на триесет лице-во- лице полу-структурирани
интервјуа со политички претставници на дваесет и седум политички партии
во Македонија.
Критериумите за селекција на испитаниците се двојни. Прво, селекцијата се
базира на едноставното правило на ‘што повеќе партии тоа подобро’, што
подразбира вклученост на што повеќе активни политички партии во
Македонија. Така, 9 ‘македонски’ партии (мејнстрим или најчесто
поддржувани од етнички македонци), 5 албански, 3 турски, 3 бошњачки, 1
влашки, 2 ромски и една торбешка партија беа вклучени.
Второ, селекцијата на конкретниот испитаник од партијата е направена по
пат на договор помеѓу авторките и партиите, со цел испитаникот да биде
подетално запознаен со темата на истражувањето, а истовремено да биде дел
од виското претставништво на партијата. Помеѓу испитаниците има партиски
лидери, членови на Собранието на Република Македонија, Министри,
поранешни амбасадори и еден поранешен Премиер на Македонија.

Резулати:
1. Презентација на академска студија на конференција на Асоцијата за студии
на етницитет и национализам (ASEN) при Лондонската Школа за Економија
(LSE). Програма
2. Објавена анализа на тема “ЕУ како фактор за стабилност и промовирач на
добри меѓу-етнички односи во Македонија.” (Најдете ја публикацијата во
секцијата ‘Библиотека/Публикации’ на нашата страна.)
3. . Објавена анализа на тема “Охридскиот Рамковен Договор- стратешка
алатка за изборен натпревар помеѓу партиите во Македонија.” (Најдете ја
публикацијата во секцијата ‘Библиотека/Публикации’ на нашата страна.)