DIALOGUE – Center for Deliberative Democracy / ДИЈАЛОГ – Центар за делиберативна демократија
Тим
Square
Јосипа Ризанкоска - Претседателка
Jосипа е доктор по Компаративна и Европска Политика при Универзитетот во Сиена, Италија. Докторира во 2017 година на тема „Радикализација на етно-регионалните партии во Центално-источна Европа”. Била докторанд во посета на Автономниот Универзитет во Барселона (2013-2014) а магистрира на програмата МИРЕЕС при Универзитетот во Болоња во 2010 година. Од 2007 до 2012 година работи како истражувач и проектен менаџер во Институтот за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје.
Jасмина е вонреден професор на Факултетот за политички науки при ФОН-Универзитет. Докторира во 2016 година на тема „Меѓуетничките конфликти во Европската Унија денес и економските последици од нив“ на Правниот Факултет „Јустинијан I“ -Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Магистрира на Факултетот за Европска и меѓународна политика и дипломатија при ФОН Универзитет – Скопје во 2010. Од 2016 година е Потпретседател на Македонското политиколошко Друштво.
Јасмина Трајкоска Наумоска
Николина Ризанкоска - Антеска
Николина е професор по македонски и англиски јазик. Дипломира во 2010 година, на универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола. Долгогодишниот ангажман во невладиниот сектор ја носи во сферата на младинскиот активизам, неформална едукација за различни возрастни и етнички групи, дискриминација, работа со стари лица, деца со посебни потреби и маргинализирани групи.
Александра студирала англиски јазик и книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје. Осум години работела како преведувач и уредувач на вести во дневниот весник Вест, а сега е заменик на главниот уредник во Редакцијата на Kajgana.com. Работела како анкетар за Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје a исто така е објавуван преведувач и поет, како и блогер и активист за етичка, одржлива и еко мода како член на Fashion Revolution Macedonia.
Александра Спасеска
Кире Василев
Кире е магистер по труд, активизам и развој на Школата за ориентални и афрички студии (СОАС) при Универзиетот на Лондон, Обединетото кралство и магистар по Европски студии на Европскиот универзитет во Фленсбург, Германија. Тој има долгогодишно професионално искуство во јавниот и невладиниот сектор на теми поврзани со трудот, човековите права и демократизацијата, а бил и член на Комисијата за за спречување и заштита од дискриминација.
Марија Стојческа е дипломиран радиолошки техничар при Високата медицинска школа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.
Марија Стојческа
Милена Чкрипеска
Милена е доктор по Јазик, дискурс и комуникации на Универзитетот „Помпеу Фабра“ во Барселона, Автономниот универзитет на Мадрид во Шпанија и Високиот институт за јазици на Универзитетот во Картагина – Тунис. Магистрирала Европски студии од Центарот за меѓународни европски формации во Берлин и Жан Моне катедрата за политички студии и европски прашања во Келн во 2011. Завршила додипломски студии по англиски и француски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје каде работела и како јуниор асистент по англиски јазик на Правниот Факултет и на Катедрата по филологија.
Мери Самарџиоска е дипломиран професор по македонски јазик и литература. Студирала македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Мери Самарџиоска
Марија Конеска
Марија Конеска е визуелен уметник. Има завршено мастер студии – отсек сликарство на ФЛУ, УКИМ. Има повеќе од десетгодишно искуство во филмска и гејм продукција.