Архива

Теренско истражување помеѓу демонстрантите на “Шарената Револуција” во Прилеп и Скопје

Анкетата беше спроведена во периодот помеѓу 17ти и 23ти мај 2016та во Прилеп и
Скопје, на 567 вкупен број испитаници, кои беа дел од движењето “Протестирам” ,
подобро познато како “Шарената Револуција”. Водечки истражувачи беа Јосипа
Ризанкоска и Јасмина Трајкоска.
Целта на ова истражување беше да ја анализира структурата на граѓанското движење
однатре, да ги дознае главните очекувања и барања на демонстрантите од владата, да го
оцени нивото на доверба во четирите потписници на Пржинскиот Договор и конечно да
оцени каков е капацитетот на движењето како пример за граѓанска партиципативност во
Македонија.

Методологија
Селекцијата на испитаниците беше по случаен избор. Во Скопје, анкетирањето се
спроведуваше за целото времетраење на протестот, почнувајќи од зборното место пред
зградата на Специјалното Јавно Обвинителство, потоа продолжувајќи по улиците за време
на маршот кон крајната точка на собирање (најчесто Собранието на Република
Македонија). Во Прилеп, анкетирањето се вршеше пред Камената Бина кај Ѕидот што
беше зборното место во центарот на градот.
Од вкупнот број на испитаници – 567, 426 се анкетирани во Скопје анд 141 во Прилеп. Од
вкупниот број на испитаници, 53% се мажи, 47% се жени. Најголемата старосна
категорија е од 30 to 39 (26.6% од вкупниот број), додека најмалата е на најстарата – над 65
годишна старосна категорија (16% од вкупниот број испитаници). Висок процент на 43,4%
од испитаниците имаат високо образвание, 16.2% се Магистри или Доктори на науки. Од
вкупниот број испитаници 56% се вработени, 86,4% се етнички Македонци, 56,14%
гласаат редовно и го даваат својот глас секогаш за иста партија и само 4% никогаш не
гласаат или немале можност да гласаат до сега.

 

Резултати:
1. Краток извештај/допис до националните медиуми во Македонија.
Извештај за медиумиt
2. Анализа презентирана на Втората Конференција на Македонското Политиколошко
Друштво во Скопје, декември 2016. Програма
3. Научен труд во процес на подготовка.
4. Публикација на научен труд – компаративна студија на случај на Прилеп. (видете во
секцијата ‘Библиотека/Публикации’ на нашата страна).
5. База на податоци и шифрарник достапна за репликација (видете во секцијата
‘Библиотека/Бази на податоци’ на нашата страна).