Новости

Известување за почеток на имплементација на проектот „Проценка на влијанието на регулативата за употреба на јазиците”

ДИЈАЛОГ- Центарот за делиберативна демократија започна со спроведување на проектот насловен како „Проценка на влијанието на регулативата за употреба на јазиците”. Проектот ќе се имплементира како дел од двегодишниот проект „ Проценка на влијанието на регулативата (ПВР) во сенка: промовирање на креирање политики базирани на докази”, финансиран од Европската Унија а во имплементација на Институтот за Демократија „Социетас Цивилис” – Скопје и Центарот за Економски Анализи.

Општата цел на проектот е да се влијае врз институциите за примена на ПВР механизмот во случајот за предлог законското решение за употреба на јазиците преку навремени консултации со засегнатите страни од планираната јавна политика.

Специфичните цели на проектот се:
1. испитување на административните, финасиските и човечките капацитети на институциите за спроведување на предложената регулатива;
2. испитување на јавното мислење за потребата од ваквата регулатива;
3. вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на креирање на политики.

Целите на проектот ќе се остваруваат преку активности за истражување и мониторинг во периодот од февруари до октомври 2018та година на територијата на Република Македонија, а крајните корисници се граѓаните на Македонија.

Предвидени се следните главни активности:
• Првична деск-анализа за предложената регулатива и мониторинг на тековниот процес на ПВР на предлог законот за употреба на јазиците;
• Истражување за ефектите на регулативата врз клучните засегнати страни (граѓани, граѓански организации и институции);
• Подготовка на конечна студија/документ за јавни политики и
• Промоција на конечната студија и јавна дебата на темата.

ДИЈАЛОГ учестуваваше во соопштувањето на јавната реакција околу неподготувањето на ПВР за Законот за употреба на јазиците од страна на дел од организациите членки на Мрежата за подобра легислатива “Мрежа РИА” и на подгрантистите на проектот “Проценка на влијанието на регулативата во сенка: промовирање на креирање политики базирани на докази”.

Во моментов проектот е во својата почетна фаза на анализа и мониторинг на процесот на ПВР во однос на Законот за употреба на јазиците и одредување на истражувачката стратегија за посебните целни групи која ќе заврши на крајот од март 2018.