Новости

Работилница на тема „Младите и медиумската писменост“.

Дијалог и Здраво Млади организираа еднодневна работилница за гимназијалците од Прилеп на тема „Младите и медиумската писменост“. На работилницата средношколците се запознаа со основите на јавното мислење, анкетите како начин за мерење на јавното мислење, лажните вести и начините за нивно препознавање и употребата на македонскиот литературен јазик во медиумите.