Авторки*: Јосипа Ризанкоска, Наташа Димова, Александра Спасеска, Николина Ризанкоска-Антеска
Дизајн на насловна страница: Марија Конеска
Лектура: Дијана Ристова
Јуни 2021 година
Оваа студија за политики беше подготвена како дел од проектот финансиран од Mировeн корпус. Ставовите изразени во оваа студија се на авторите и не ги одразуваат ставовите на Мировниот корпус.
РЕЗИМЕ
Пандемијата КОВИД-19 имаше и продолжува да има влијание врз животите на луѓето, на многу негативни начини. Иако младите не беа главната ризична група за заразување со вирусот, уште од почетокот на пандемијата, младите беа во првите борбени редови кога станува збор за примање сериозни напади од социјална, образовна и финансиска природа, а нивното физичко и ментално здравје јасно сноси највисок ризик.
Оваа студија е крос-секторска и има за цел да разбере како младите во Северна Македонија се справуваат со пандемијата. Кои се механизмите за отпорност на младите? Кои се потребите, предизвиците и последиците со кои младите се соочуваат за време на пандемијата на КОВИД-19? Ќе се анализираат многу аспекти од животите на младите: образование, социјална и економска состојба, емоционално здравје, младинско учество, како и инклузија на маргинализирани групи. Дел од потпрашањата што ќе бидат опфатени се комуникацијата и социјализацијата на младите, нивната емпатија и солидарност со ранливите групи, нивниот активизам и волонтерство, родово базираното и семејното насилство, како и инклузијата на младите луѓе од руралните средини. Институционалниот одговор на пандемијата исто така е анализиран.
Оваа крос-секторска анализа се потпира на четири различни методолошки алатки. Квалитативна анализа преку „деск истражување“, фокус-групи со 14 граѓански организации кои работат со млади или специфични групи од интерес за нашата студија, интервјуа со претставници од релевантни институции и емпириска анализа на податоците што доаѓаат од анкетата на национален примерок од 1.002 млади на возраст од 15 до 29 години.