Оваа студијата е структуирана во седум главни делови. Во првиот дел го дефинираме проблемот и истражувачките прашања, во вториот ја презентираме методологијата на собирање податоци, во третиот дел овозможуваме преглед на чекорите во донесувањето на ЗУЈ и почитувањето на процедурата на ПВР, во четвртиот дел ги презентираме резултатите од истражувањата со кои ги консултираме засегнатите страни за проблемот, во петтиот дел ги анализираме капацитетите на институциите за спроведување на законот и импликациите на ЗУЈ врз работата на истите, а во шестиот дел ги оценуваме капацитетите на граѓаните и граѓанските организации за активно вклучување во процесите на креирање политики/ПВР. На крај, ги презентираме нашите општи заклучоци и понудуваме препораки за решавање на проблемите опфатени во студијата.
Проценка на влијанието на регулативата за употреба на јазиците во Македонија.
Square
