ДИЈАЛОГ има визија за Македонија во која граѓаните ќе бидат активни учесници во процесите на делиберативната демократија.
ДИЈАЛОГ ќе се занимава со истражување и анализа, промоција на истражувањата со цел придонес за креирање на јавните политики, едукација за промовирање и развој на делиберативната култура, лобирање и застапување на вредностите на делиберативната демократија.
Сите овие методи ќе се надградуваат и преку соработка со вмрежување со владини, меѓувладини и невладини здруженија кои ги делат истите вредности и цели.
Главни полиња на истражување:
– Делиберативна демократија
– Владеење на правото;
– Избори и политички партии;
– Цивилно општество;
– Влијанието на традиционални и нови медиуми за развој на делиберативната демократија во Република Македонија;
– Дискриминација и маргинализирани групи;
– Меѓуетничката кохабитација во Македонија, со посебен акцент за инклузивноста на немнозинските етнички малцинства,
– Родова рамноправност;
– Социјална правда и
– Европска Унија и евроатланските интеграции.
