Здружение ДИЈАЛОГ – ЦЕНТАР ЗА ДЕЛИБЕРАТИВНА ДЕМОКРАТИЈА Прилеп, како непрофитно здружение на граѓани се формира заради подобрување на демократските процеси, развој на дијалогот во разни општествени сфери, подобрување на човековите права и промовирање на делиберативната демократија во Република Македонија.

Здружение ДИЈАЛОГ – ЦЕНТАР ЗА ДЕЛИБЕРАТИВНА ДЕМОКРАТИЈА Прилеп ја дефинира делиберативната демократија како комбинација на претставничка и директна демократија која применува автентична делиберација за јавните политики и донесува одлуки со примена на елементи и на консензуално носење на одлуки и на правило на мнозинството.

Методите кои ќе ги користиме за постигнувањето на целите и задачите на здружението вклучуваат истражување и анализа, промоција на истражувањата со цел придонес за креирање на јавните политики, едукација за промовирање и развој на делиберативната култура, лобирање и застапување на вредностите на делиберативната демократија. Сите овие методи ќе се надградуваат и преку соработка со вмрежување со владини, меѓувладини, невладини здруженија кои ги делат истите вредности и цели.

Главни полиња на истражување се:
– Делиберативна демократија
– Владеење на правото;
– Избори и политички партии;
– Цивилно општество;
– Влијанието на традиционални и нови медиуми за развој на делиберативната демократија во Република Македонија;
– Дискриминација и маргинализирани групи;
– Меѓуетничката кохабитација во Македонија, со посебен акцент за инклузивноста на немнозинските етнички малцинства,
– Родова рамноправност;
– Социјална правда и
– Европска Унија и евроатланските интеграции.

Владеење на правото опфаќа истражување и анализа на функционални демократски институции, поделба на власта, носење на јавни политики базирани на податоци и докази, делегирање на власта на локално ниво, степенот на дискусија и соработка помеѓу институциите во политичкиот систем.

Под избори и политички партии се подразбира анализа на изборните процеси, демократскиот интер-партиски капацитет, следење на изборниот процеси итн. Во рамки на истражувањата поврзани со цивилнот општество влегуваат истражување и анализа на политичката култура, анализа на влијанието на граѓанскиот сектор врз политичките процеси, капацитет на граѓанските организации и движења, вклученост на граѓанскиот сектор во јавна дебата и креирање на политики.

Во рамки на полето на истражување на влијанието на традиционални и нови медиуми за развој на делиберативната демократија во Република Македонија влегуваат утврдување преку соодветни на степенот на независност и слобода на медиумите како и степенот на слобода на изразување и говор на омраза.

Дискриминација и маргинализирани групи се однесува на анализа на состојбите во поглед на основните човекови и малцински права и слободи.

Во рамки на меѓуетничката кохабитација во Македонија, со посебен акцент за инклузивноста на немнозинските етнички малцинства, ќе се цели кон анализа на меѓуетничката коегзистенција и кохабитација, со особен акцент и на помалку бројните етнички заедници во хетерогените општества.

Темата на родова рамноправност ќе биде опфатена преку истражување на родови прашања, статусот на жената и креирање на политики со цел подобрување на родовата еднаквост, партиципативноста на жените во политичкиот и општествениот живот.

Под социјална правда влегуваат анализа на состојбите на економската нееднаквост и подобрување на социјалните и работничките права со цел зголемување на социјалната доверба и квалитет на живот.

Конечно утврдување на нивото на европеизација во согласност со основните критериуми за влез во Унијата, анализа на процесот на хармонизација на македонското со европското законодавство и процесот на нивна имплементација се дел од програмата на ДИЈАЛОГ – ЦЕНТАР ЗА ДЕЛИБЕРАТИВНА ДЕМОКРАТИЈА Прилеп.

Copyright © 2025 . All Rights Reserved. | CleanPortfolio by Catch Themes