Архива

Теренско истражување помеѓу демонстрантите на иницијативата “За Заедничка Македонија” во Прилеп

Анкетата беше спроведена во периодот помеѓу 12ти и 27ми април 2017та
во Прилеп, на 89 вкупен број испитаници, кои беа дел од движењето “За Заедничка
Македонија” во Прилеп. Водечки истражувачи беа Јосипа Ризанкоска и Јасмина
Трајкоска.
Целта на ова истражување беше да ја анализира структурата на граѓанското движење
однатре, да ги дознае главните очекувања и барања на демонстрантите од владата, да
оцени каков е капацитетот на движењето како пример за граѓанска партиципативност во
Македонија и да го спореди со претходни протести.
Селекцијата на испитаниците беше по случаен избор. Aнкетирањето се вршеше пред
Хотел “Липа”, зборното место на протестите.

Резултати:
1. Публикација на научен труд – компаративна студија на случај на Прилеп. (видете во
секцијата ‘Библиотека/Публикации’ на нашата страна).
2. База на податоци и шифрарник достапна за репликација (видете во секцијата
‘Библиотека/Бази на податоци’ на нашата страна).