Овој текст има за цел да ја објасни поддршката на граѓаните за Законот за употреба на јазиците (ЗУЈ) преку нивните демографски карактеристики, политичко учество, партиска и етничка припадност. Оваа статија ја базираме на емпириски логистички регресиски модели користејќи оригинална база на податоци од 669 македонски испитаници. Ја споредиме поддршката на македонската јавност за ЗУЈ со поддршката за општата идеја за промовирање на употребата на јазиците на немнозинските етнички заедници во Македонија. Ние тврдиме дека и поддршката за унапредување на малцинските јазици во Македонија, како и поддршката за овој конкретен закон главно зависи од етничката припадност на граѓаните и од нивната партиска припадност. Наоѓаме статистички значајна опозиција за ЗУЈ меѓу етничките Македонци, (македонските/мејнстрим) опозициски партии, учесниците во таканаречената иницијатива “За заедничка Македонија” и оние чиј мајчин јазик е малцинскиот јазик.
Цитат- Citation: Rizankoska, J. and Trajkoska, J. 2019. Explaining public support for the Law on the use of languages in Macedonia. Journal of Liberty and International Affairs | Vol. 5, No. 1 | pp. 9-30.