ЕМИГРАЦИИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА „НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА“

Square

ДИЈАЛОГ – Центарот за делиберативна демократија со поддршка од Civica Mobilitas го спроведе проектот ИСПРАЗНЕТО ГНЕЗДО за детектирање на причините за емигрирање на македонските иселеници, условите за подобрување на животниот стандард и стил во новата држава на престој, предизвиците/жртвите направени на сметка на придобивките и научените лекции. 

Поспецифично, истражувањето се занимаваше со прашањата – Во кој степен иселениците биле вклучени во процесите на креирање политики на локално и национално ниво пред заминувањето? Колкаво ниво на доверба во институциите, нивно познавање и комуникација со истите постоело пред граѓаните да се одлучат за заминување?

Автори – Јосипа Ризанкоска и Јасмина Трајкоска Наумоска

Соработници – Николина Ризанкоска-Антеска, Александра Спасеска, Марија Конеска