МАКЕДОНКИ ВО ДВИЖЕЊЕ. ИЗВЕШТАЈ ОД АНКЕТА „МОЖНОСТИ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА И РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ НА МАКЕДОНСКАТА ИСЕЛЕНИЧКА 2021“.

Square

Оваа студија нуди емпириски податоци  за состојбата на македонските иселенички. Анкетата, е спроведена онлајн во периодот од 8 март до 8 април 2021 година. Вклучени се 407 македонски иселенички од сите осум плански региони, иселени во периодот од 1984 до 2021 година, кои живеат во 41 држава во светот.

Со истражувањето се третира прашањето за можностите за интеграција на македонските иселенички во новата средина, можноста за професионален развој и родовата дискриминација во новата држава. Опфатени се четири главни теми: работен статус и кариера на македонската иселеничка; емиграција, можности и предизвици; дискриминација и родова рамноправност и родово и семејно насилство.

Авторки – Јосипа Ризанкоска, Елена Спасовска, Ирена Трајковска, Александра Спасеска, Николина Ризанкоска-Антеска

Предлог цитат – Ризанкоска Јосипа, Спасовска Елена, Трајковска Ирена, Спасеска Александра, Ризанкоска-Антеска Николина (2021) Македонки во движење. Извештај од анкетата „Можности за интеграција и родова рамноправност на македонската иселеничка 2021“. Прилеп: ДИЈАЛОГ Центар за делиберативна демократија.

ПРЕЗЕМИ ГО ИЗВЕШТАЈОТ