Пет години од Шарената Револуција. Извештај од анкета јануари-февруари 2021.

Square

По повод петгодишнината од Шарената Револуција (ШР), граѓанското движење кое се одвиваше од 12 април до средината на јуни 2016 година,  ДИЈАЛОГ – Центар за делиберативна демократија од Прилеп спроведе анкета со нејзините учесниците и поддржувачи. Прашалникот беше споделуван онлајн во периодот јануари-февруари 2021, а опфатени се вкупно 289 испитаници (163 од кои преку методот на снежна топка, а 126 преку јавна објава на интернет). Во продолжение на деталниот опис на методологијата ги елаборираме резултатите од прашањата кои се однесуваат на самото учество во Шарената Револуција во 2016 година, организацијата, кампањата и методот, влијанието на револуцијата врз македонското општество и демократија, Шарената Револуција и граѓанската партиципативност и за крај нудиме кратки заклучоци.

Автори – Јосипа Ризанкоска, Кире Василев, Александра Спасеска, Мариглен Демири, Николина Ризанкоска-Антеска и Јасмина Трајкоска Наумоска.

Предлог цитат – Ризанкоска Јосипа, Василев Кире, Спасеска Александра, Демири Мариглен, Ризанкоска-Антеска Николина, Трајкоска Наумоска Јасмина (2021) „Пет години од Шарената револуција. Извештај од анкета јануари-февруари 2021.“ Прилеп:ДИЈАЛОГ Центар за делиберативна демократија.

ИЗВЕШТАЈОТ ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ТУКА