ДИЈАЛОГ го заокружи проектот „Испразнето гнездо“ за македонската емиграција

Square

ДИЈАЛОГ Центарот за делиберативна демократија успешно го заврши проектот „Испразнето гнездо“, помогнат од Civica Mobilitas.

Во рамки на проектот што се одвиваше во неколку етапи од август до декември, 2020 година, беа реализирани низа активности, почнувајќи од истражувањето на јавното мислење на тема масовно иселување од Македонија, во кое учествуваа 926 македонски иселеници. Врз основа на добиените податоци, објавена е студијата ЕМИГРАЦИИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА „НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА“ на авторките д-р Јосипа Ризанкоска, претседател на ДИЈАЛОГ, и доц. д-р Јасмина Трајкоска Наумоска, една од основачите на ДИЈАЛОГ. Студијата е објавена на македонски и англиски јазик и е достапна ??? ТУКА

Наодите од истражувањето беа претставени и со девет инфографици што заедно со другите активности и ангажмани на членовите на ДИЈАЛОГ, беа објавени на Facebook страницата на организацијата. Исто така беше одржан семинар на тема „Начини за вклученост на граѓаните во креирањето јавни политики на локално ниво“, на кој присуствуваа триесет учесници, а од кои произлегоа и заинтересирани волонтери кои подоцна беа вклучени во активностите на ДИЈАЛОГ.

Уметницата Marija Koneska, чиј уметнички проект „Испразнето гнездо“ беше еден од мотивите да се спроведе истражувањето, го прошири и продолжи проектот со поставување на нова уметничка инсталација на пет локации во Прилеп. Инсталацијата, заедно со главните наоди и препораки од истражувањето, беа претставени во промотивно видео изработено од домашни уметници, кое има повеќе од 680 прегледи (??? ТУКА)

Преку платформата Zoom одржана беше и онлајн промоција посетена од 44 учесници, на која беа претставени видеото, инсталацијата и студијата, проследени со излагања на истражувачкиот тим, како и дебата со учесниците.

Понатаму, беше реализирано застапување на резултатите од студијата до повеќе од 300 одлучувачи и политички актери во Македонија. Писма за застапување се испратени до 16 министерства, 22 државни институции и универзитети, 40 македонски конзуларно-дипломатски претставништва во странство, 38 амбасади и меѓународни организации во земјава и 185 претставници на граѓански организации во Македонија.