Публикации

Европската Унија како фактор на стабилност и промотор на добри меѓу-етнички односи во Македонија.

Почитувањето на човековите и на малцинските права е еден од критериумите на ЕУ за членство во Унијата. Сепак, легитимитетот на критериумите на ЕУ и стандардите за земјите кандидатки е критикувано за недостатокот на конзистентност во апликацијата низ различни земји и за недостатокот на транспарентност на мониторингот на Европската Комисија.

Главното истражувачко прашање овде е: Која е улогата на ЕУ во промовирањето безбедност, стабилност и добри меѓу-етнички односи во Македонија? Дали е ЕУ помирувач или поттикнувач на меѓу-етничка радикална реторика во македонската партиска политика? Ова е квалитативна студија на случај на Македонија спроведена во периодот помеѓу октомври и ноември 2014та гофдина. Ние тврдиме дека партиските елити во Македонија ја гледаат ЕУ како помирувач помеѓу етничките заедници во Македонија. Помалите малцинства, како и да е, се чувствуваат запоставени од ЕУ во споредба со втората најголема етничка група во Македонија.

Цитат – Trajkoska, J and Rizankoska J. (2015), “The EU as a factor of stability and a promoter of good interethnic relations in Macedonia.” International Yearbook. Faculty of Security, University of Kliment Ohridski. 2015/1 pp. 133-144 (UDK:323.1:341.171.071.51(4-672ЕY:497.7))

Преземи